Париз и Берлин предлагаат формирање центар за борба против радикализмот
Франција и Германија предлагаат формирање на европски центар за борба и спречување на радикализацијата, изјави во Париз францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ле Ру, по средбата со неговиот германски колега Томас де Мезиер.
- Одлучивме да им предложиме на европските тела создавање на посебно тело за борба и спречување на радикализацијата и ќе донесеме заедничка иницијатива за основање на европски центар за размена на искуства по ова прашање што се однесува на цела Европа, нагласи Ру на заедничката прес-конфереција со Де Мезиер во француското Министерство за внатрешни работи.
- Веќе направивме многу на полето на репресија, но таа никогаш не може да биде единствениот одговор во борбата против тероризмот, истакна Де Мезиер.
Тој нагласи дека ваквата иницијатива доаѓа во услови кога Европа од 2015 година е на удар на невидени џихадистички напади.
- Со основањето на овој центар не сакаме да ги замениме националните модели, туку да здружиме различни активности во оваа област, во дејствувањето против Исламската држава и нудејќи аргументи против нејзините активности, со цел да допреме до младите луѓе кои се најчесто склони кон радикализирање, потенцираше германскиот министер за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда