Париз го поздрави Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија
Франција го поздрави Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија со оценка дека ќе овозможи двете земји да ги продлабочат дијалогот и соработка и ќе придонесе за зајакнување на стабилноста во регионот на Балканот.
- Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка што премиерите на Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов го потпишаа во вторник, 1 август. Таа се надева дека овој договор ќе овозможи Скопје и Софија да ги продлабочат својот дијалог и соработка, особено на политички, економски и културен план и дека ќе придонесе за зајакнување на стабилноста во регионот на Балканот, се наведува во соопштението на француското Министерство за Европа и надворешни работи.
Франција, се додава, потсетува дека добрососедските односи и регионалната соработка се основните елементи од процесот на европско приближување. - Тие придонесуваат за просперитет, стабилност, помирување и за создавање погодна клима за решавање на билатералните спорови и проблеми наследени од минатото, стои во соопштението на француското Министерство за Европа и надворешни работи.
Ново на Сител
-
Меџити до Таравари: И со ДУИ и во Влада не штима
-
Мицкоски: Ако сакаме во ЕУ мора да го урнеме корумпираниот систем
-
Освен на културните работници, платата им доцни и на стотици други вработени во државни институции
-
Извештај на ММФ
-
Преглед на вестите од светот
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди