Парите и го уништиле животот
Најмладата британска добитничка на џекпот на „Еуромилионс“ Џејн Паркс одлучи да ја тужи лотаријата бидејќи освоената награда и го уништила животот.
Паркс на 17 години доби еден милион фунти, но сега жали поради тоа. Четири години подоцна таа призна дека статусот на милиониер и предизвикал неворојатен стрес и оти понекогаш жали што играла лото.
- На лицата помлади од 18 години не треба да им биде дозволено да играат лото. Понекогаш ми се чини дека тоа ми го уништи животот. Затоа ќе ги тужам сопствениците на „Еуромилионс“, посочи Паркс.
Таа тврди дека мислела оти парите ќе и го олеснат животот, но се случило спротивното.
- Воглавно би сакала да немам пари. Мојот живот би бил многу полесен и поедноставен ако не победев. Луѓето ме гледаат и мислат - Сакам да го живеам нејзиниот живот. ги сакам нејзините пари, но не сфаќаат дека живеам под стрес. Имам материјални добра, но мојот живот е празен. Која е целта на мојот живот, наведе Паркс.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости