Парична казна и 3 години забранет влез за Бугарите кои навредуваа полицајци на Деве Баир
Судот вчеравечер им изрече парична казна во износ од 300 евра и мерка протерување од земјава и забрана за влез во државата за период од три години на тројцата бугарски државјани, кои беа приведени вчера на граничниот премин „Деве Баир“ поради нарушување на јавниот ред и мир.
Бугарските државјани, 35-годишниот Г.З., 50-годишниот А.Х., и 54-годишниот Р.Х (54), како што соопшти МВР, биле приведени околу 12:45 часот откако се однесувале дрско и недолично и прво вербално, со најпогрдни зборови, а потоа се обиделе и физички да нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства.
На преминот „Деве Баир“, на нашата граница кон Бугарија вчера беа воведени засилени полициските контроли, поради најавите за доаѓање на организирани групи бугарски државјани за посета на гробот на македонскиот револуционер, Гоце Делчев, на одбележување на 151-та годишнина од неговото раѓање.
Во еден период од денот, поради пад на системот за контрола на граничниот премин „Деве Баир“ за влез во земјава се чекаше неколу часови.
Ново на Сител
-
Во живо од Делчево: Што остави синоќешното силно невреме?
-
Вечерва СДСМ носи одлуки по лидерската средба со Мицкоски
-
Бејли: Ќе се разочараме ако има ново вето
-
Дали министерот за здравство ќе ги привилегира косовските и албанските државјани?
-
Преживувањето во мај било за 6 евра полесно од април
-
Средношколците заминаа на распуст по учебната година која ја одбележаа лажните бомби
-
Довербата во Собранието на најниско ниво
-
Делчево ги санира штетите од вчерашното невреме, граѓаните очекуваат помош од надлежните