-->
-->
Парцијалната невработеност во Франција достигна ново рекордно ниво од осум милиони работници
-->
Во Франција на режим на парцијална невработеност се наоѓаат осум милиони работници, од повеќе од 700.000 претпријатија, односно повеќе од една третина од вработените во приватниот сектор.
Таа бројка е зголемена за три милиони од минатата недела, објави на својот профил на Твитер, министерката за труд Муриел Пенико.
Парцијалната невработеност им дозволува на вработените да бидат обештетени до 70 отсто од бруто платата и 84 отсто од нето платата.
Според министерката за труд, таа мерка ќе чини околу 20 милијарди евра, но е исплатлива, бидејќи дозволува избегнување масовни отпуштања од работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: 7-годишно дете, две жени и маж спасени со чамец од Пчиња
-
Средба за соработка помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ
-
Бислимовски: Работиме на продолжување на евтината тарифа на струјата за уште еден час
-
Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско - струшки регион
-
Макрон ја започнува тридневната посета на Германија
-
Илјадници Израелци протестираа во Тел Авив барајќи враќање на заложниците од Газа
-
Сообраќајот непречено, по претежно влажни коловози
-
Променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи