Папата Лав Четиринаесети го прими Синер
Папата Лав Четиринаесетти го прими светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер, кој неделава се натпреварува на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Рим, објави денеска Канцеларијата за односи со јавноста на Ватикан.
„Страста на Папата кон тенисот е добро позната“, наведе Прес-службата на Ватикан, додавајќи дека Синер бил придружуван од членови на неговото семејство, а на средбата присуствувал и претседателот на италијанската тениска Федерација, Анџело Бинаги.
Новиот папа, кој е на 69 годишна возраст и самиот е тенисер. Според италијанскиот спортски весник „Ла Газета дело Спорт“, тој има „одличен бекхенд и е сериозен натпреварувач“.
Во интервју еден ден откако стана кардинал во 2023 година, на веб-страницата на августинците, монашката заедница на која припаѓа, Лав Четиринаесетти рече: Се сметам за аматерски тенисер. Откако го напуштив Перу, имав малку можности да играм, но едвај чекам да се вратам на теренот.“
Пред неколку дена, папата Лав Четиринаесетти на средба со новинари беше запрашан за негово можно учество на хуманитарен тениски турнир, на кој би настапил и легендарниот американски тенисер Андре Агаси.
„Само немојте да го повикате Синер“, одговори на шега папата, алудирајќи на доминацијата на Италијанецот на АТП листата, како и на значењето на неговото презиме на англиски јазик (грешник).
Синер од минатата сезона е тенисер број еден во светот, освојувајќи досега во кариерата осум титули, вклучувајќи и титули на Австралија Опен, Ју Ес Опен и финалето на АТП во Торино, како и Дејвис Купот со Италија две години по ред.
Ново на Сител
-
За шест часа казнети 600 возачи
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Николоски: Започна да се користи новиот автопат од Врбјани до Ботун, следуваат нови прокети
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Двајца мртви и повеќе повредени во пукотници во Кентаки
-
Шекеринска за Хина: НАТО нема да отстапи од поддршката за Украина
-
Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик
-
УХМР: Попладне утре наместа нестабилно, многу топло во среда и четврток, посвежо и ветровито в петок