Свет
10. July 2015 - 17:22

Папата Франциско се шокираше од подарокот на боливискиот претседател

Папата Франциско се шокираше кога боливискиот претседател Ево Моралес му подари крст со распнат Исус Христос во форма на срп и чекан.

Подарокот на боливискиот претседател е реплика на крстот кој го изработи Луис Еспинал, кој го уби боливиската диктатура во 1980 година. Еспинал крстот го замисли како симбол за потреба од христијанско-марксистички дијалог со работниците и земјоделците. Моралес, левичарски популист, му го врачи крстот на папата во средата, за време на неговата посета на Ла Паза и тој беше видливо шокиран.

Папата претходно се помоли на местото на кое Еспинал беше убиен на патот меѓу Ел Алто и Ла Паз.

- Тоа беше дело на Еспинал, рече потпаролот на Папата, Федерико Ломбарди, без никакви други дополнители коментари.

- Не е на мене да ги протолкувам потезите на претседателот Моралес, рече тој. Папата не очекуваше таков подарок, тоа е јасно, призна тој.