Папата Франциск кратко се појави на балконот на базиликата Св. Петар за благословот Урби и Орби и им го честиташе Велигден на верниците
Папата Франциск денеска кратко се појави на балконот на црквата Свети Петар за традиционалниот благослов „Урби ет Орби“ (До градот и светот“), на крајот од велигденската литургија, која на плоштадот Свети Петар ја отслужи кардиналот Анџело Комастри, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
Тој беше поздравен со овации од присутните верници на плоштадот Свети Петар.
„Драги браќа и сестри, честит Велигден, рече папата и читањето на пораката му го препушти на монсињор Диего Равели.
Папата Франциск уште еднаш го насочи вниманието на насилството врз жените, како што направи вчера во проповедта на Велигденското бдение. Во текстот на пораката, Франциск нагласува дека во Божјите очи „секој живот е скапоцен! Оној на детето во утробата на неговата мајка, како оној на постарите или болните, кои во се поголем број земји се сметаат за луѓе што треба да се отфрлат”.
„Колку многу желба за смрт гледаме секој ден во многуте конфликти што ги погодуваат различните делови на светот! Колку насилство често гледаме дури и во семејствата, врз жените или децата! Колку презир понекогаш се покажува кон најслабите, маргинализираните, мигрантите! На овој ден би сакал да се вратиме на надежта и да имаме верба во другите, дури и во оние што не се блиски до нашите обичаи и навики различни од најпознатите за нас, затоа што сите сме Божји деца!, посочува папата во пораката.
Тој повика на мир во Светата земја. „Загрижен сум поради растечката клима на антисемитизмот што се шири низ целиот свет. Во исто време, моите мисли се насочени кон населението, а особено кон христијанската заедница во Газа, каде што страшниот конфликт продолжува да генерира смрт и уништување и да предизвикува драматична хуманитарна ситуација. мир!“, вели тој во пораката.
„Не е можен мир без вистинско разоружување! Потребата на секој народ за обезбедување сопствена одбрана не може да се трансформира во општа трка во вооружување. Нека Воскреснатиот Христос го излее пасхалниот дар на мирот врз измачената Украина и нека ги охрабри сите вклучени актери да продолжат со своите напори за постигнување праведен и траен мир“, пишува папата во пораката прочитана од монсињор Равели.
Ново на Сител
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило
-
Малолетник прободен со остар предмет на подрачјето на Бит Пазар
-
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули
-
Приведен 52-годишен тетовец, управувал возило со 2.63 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресурси на државата
-
Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу
-
Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во близина на Солун
-
Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро | ФОТО