Папата Франциск е ставен под надзор заради Ковид-19, имал средба со инфициран кардинал
Папата Франциск е ставен под постојан медицински надзор поради сомневање за инфекција со коронавирус, по средбата што ја имал со филипинскиот кардинал Луис Антонио Тагле, за кого подоцна се утврдило дека е позитивен.
Филипинскиот кардинал Тагле (63) на 29 август имаше приватна аудиенција кај папата Франциск. По враќањето во Манила, на 10 септември, филипинскиот кардинал бил тестиран за коронавирус, пренесе Гардијан.
Државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, за Анса изјави дека здравјето на папата е под постојан мониторинг и дека моменталната состојба не е загрижувачка, но дека, сепак, тие се претпазливи.
Папата со сите свои посетители во Апостолската палата разговара без заштитна маска. Минатата недела, меѓутоа, за првпат од почетокот на пандемијата тој беше виден како носи маска.
Папата ја избегнува својата вообичаена пракса на ракување и бакнување бебиња и користи средства за дезинфекција на рацете.
Тој и во март беше тестиран за коронавирус, кога беше откриено дека надбискупот кој живеел во истата резиденција заболел од Ковид-19.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа