-->
-->
Папа Франциск: Македонија е портата низ која Христијанството влезе во Европа
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2019/may/sgbdzhntfgjn-219270.jpg?itok=v0NGhDvZ)
На прес-конференцијата одржана за време на летот на папскиот авион од Скопје до Рим Папата истакна дека македонскиот народ има голема културно-историска традиција, кој дури неодамна успеа да ја конституира својата државност.
Тој нагласи дека за време на престојот во Скопје во рамки на неговата тридневна Апостолска посета на Бугарија и Северна Македонија, што заврши денеска, посебен впечаток му оставиле две калуѓерки што ги сретнал во Спомен куќата на Мајка Тереза, кои иако и самите биле сиромашни, се грижеле и им помагале на други сиромашни луѓе, при што, како што му рекле, кон нив не се однесивале како кон деца за кои се грижат, тука како кон родители, односно со почит и понизност и со добрина и топлина.
Светиот отец нагласи дека особено бил среќен што чул дека во нашата земја владее почит кон сите религии и постои почитување меѓу припадниците на различните верски заедници.
Што се однесува до впечатоците од престојот во Бугарија, папата нагласи дека најмногу го трогнала молитвата за мир што ја одржа во Софија, на која, како што рече, сите стоеја заедно и покрај лошото време.
Иако Бугарската православна црква (БПЦ) одби да учествува на заеднички јавни настани со него, вклучувајќи ја и молитвата за мир, на која присуствуваа претставници на сите позначајни верски заедници во земјата, освен на БПЦ, папата Франциск нагласи дека патријархот себугарски Неофит е „божји и голем човек“ и оти со него остварил преубав контакт.
Папата ја искористи прес-конфернцијата за да му изрази почит на монахот Жан Вание, кој починал денеска, истакнувајќи ја наговата хуманитарна работа, поради кој често бил споредуван со Мајка Тереза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим во општина Илинден поради велосипедска трка
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам