Македонија
12. July 2017 - 23:09

Паника меѓу граѓаните и туристите во Охрид, повторно ги стресе земјотрес

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,
денес 12.7.2017 год., регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од охридското епицентрално подрачје.
 
Земјотресот се случи во 22 часот и 02 минута со Рихтерова магнитуда 3.0 и интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала. Беше почувствуван од граѓаните на Охрид и околината.
 
Инаку Охрид вечерва е преполн со гости и туристи зошто почна традиционалната манифестација Охридско лето.