-->
-->
Пандев двоен стрелец за Џенова во Купот на Италија
-->
Македонскиот репрезентативец Горан Пандев со двата гола постигнати синоќа е еден од најсалужните за победата од 4:3 (по продолжение) на неговиот тим Џенова во рамките на 4.коло од Купот на Италија. Џенова ја победи Перуџа и се пласира во осминафиналето каде ќе игра против Лацио на гостински терен.
Пандев со овие голови го прекина „постот“ од една и пол сезона без постигнат гол во дресот на Џенова. Неговата екипа по првото полувреме водеше со 2:0 со головите на Џовани Симеоние во 3.минута и на Пандев во 37.минута. Перуџа изедначи преку Роналдо Бјанки во 53.минута и Жан Дрол во 63.минута и се избори за продолжение. Пандев во 100.минута донесе водство од 3:2, а Никола Нинковиќ во 116.минута зголеми на 4:2. Конечните 4:3 ги постави Франческо Ди Нолфо во 120.минута.
Двојки за осминафиналето:
Лацио – Џенова,
Наполи – Специја,
Фиорентина – Киево,
Милан – Торино,
Јувентус – Аталанта,
Интер – Болоња,
Сасуоло – Чезена и
Рома – Сампдорија.
Натпреварите ќе се играат меѓу 11 и 18 јануари 2017 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг