Панама ќе го истражува случајот со „Панамските документи“
Властите на Панама ќе го истражуваат случајот со „Паманските документи“ за офшор компании на територијата на земјата.
- Фактите опишани од националните и меѓународните медиуми наречени „Панамски документи“, ќе бидат предмет на истрага, се наведува во соопштението на Министерството за правда на Панама.
Властите на Велика Британија, Франција, Шведска, Норвешка и повеќе други земји побараа од новинарите копија од документите за да ги истражат и да преземат соодветни мерки во борбата против затајувањето данок.
Според главниот издавач на германскиот весник „Зидојче цајтунг“, Волфганг Крах во документите се посочени имињата на над илјада германски граѓани, кои ги користеле големите германски банки како „Дојче банк“, „Kомерцбанк“, „Хипо Ферајнсбанк“ и „Бајерише Ландесбанк“.
- Објавувањето на документите ја поттикна неопходноста од преземање решителни мерки во таа сфера, изјави генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој, Анхел Гурија.
Ново на Сител
-
Папата Франциск од болница одобри декрети за нови кандидати за можна канонизација
-
Собранието ги донесе измените на Законот за потрошувачи, трговците на мало се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите
-
Запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење на повеќе од 500 парчиња облека
-
17-годишник излетал од пат со автомобил, повредени неговите малолетни сопатници
-
Песков: Треба да се помине долг пат за да стекнеме доверба во Америка
-
Холандската полиција бара забрана за огномет поради пораст на нападите со експлозив
-
Дете удрено со мотор во Аеродром
-
Во шкафчето под мијалникот не се чуваат сите видови кујнски производи