Loading Video...
Свет
30. October 2023 - 12:26

Палестинската армија повика на евакуација на цивилите од Газа

Палестинската синоќа упати итен и последен повик до цивилното население кое се наоѓа во северниот дел од Газа веднаш да го напушти тој дел, бидејќи во периодот што претстои ќе следи жесток удар против воените организации на Палестинците.

- Две недели ги повикуваме жителите на овој дел од Газа да се евакуираат, но ова е итен повик за евакуација, истакна портпаролот на израелската војска.

Утрово израелската армија сподели нови видеа на кои напиша дека се прошируваат акциите во Појасот Газа до целосно уништување на Хамас. Од израелската армија информираа дека при нападите во текот на ноќта погодени се над 600 цели при што убиени се 20тина војници на Хамас. 

Дел од светските медиуми пишуваат дека веќе е почната големата копнена офанзива во Газа бидејќи израелските тенкови напредуваат кон оваа територија и не се повлекуваат назад како што тоа беше случај досега. Од палестинска страна пак не соопштуваат за бројот на загинати војници туку дека се водат жестоки борби со Израелците кои се обидуваат да го опколат северниот дел од Газа. Палестинската организација „ВАФА“ соопшти дека само утрово се убиени десетици луѓе.

Во меѓувреме во многу земји во светот се одржуваат протести поради израелско-палестинската војна. Синоќа најтензично беше во Русија откако руски граѓани од републиката Дагестан упаднаа на аеродромот во Махачкала извикувајќи антисемитски слогани и веејќи палестински знамиња, барајќи Евреи во авионот што од Тел Авив слетал на аеродромот. Руските власти информираа дека инцидентот е расчистен, дека се уапсени над 60 лица кои бесправно влегле во аеродромот и дека се сомневаат дека целиот напад е поттикнат од други земји.