-->
-->
Палермо го врати тренерот Јакини
-->
Шампионската лига на УЕФА продолжува по двемесечна пауза со натпреварите ПСЖ-Челзи и Бенфика-Зенит.
ПСЖ и Челзи, последовно веќе трета сезона, се среќаваат во нокаут рундата во Лигата на шампионите. Пред вде сезони Челзи го елиминира ПСЖ во четвртфиналето, додека минатата сезона, во оваа иста фаза, францускиот шампион се пласира понатаму.
ПСЖ поради се она што се случува оваа сезона е фаворит во двомечот, но очигледно е дека Челзи со доаѓањето на Хидинк ја поправи својата форма.
„Мислам дека Мурињо ќе ни недостига на сите. Дали сум изненаден што тој доби отказ? Не знам. За лошите резултати далеку повеќе се казнуваат тренерите“, рекол пред мечот Златан Ибрахимовиќ.
ПСЖ на овој меч нема да смета на десниот бек Ориер, кој е супендиран, поради навредливите коментари упатени на сметка на тренерот Блан и соиграчите Ди Марија, Ибрахимовиќ, Ван дер Вил.
На другиот меч во Лисабон, Бенфика ќе го пречека Зенит, кој со пласманот во осминафиналето стигна до најголемиот успех во Лигата на шампионите. Бенфика не блеска, во минатото коло загуби од Порто на домашен терен, но предност на Португалците може да биде тоа што Русите веќе две месеци немаат натпреварувачки натпревари.
Зенит од друга страна се надева дека може до пласман меѓу осумтет најдобри екипи во лигата. Дресот на рускиот шампион го носта екс играчите на Бенфика, Гарај и Хави Гарсија, но најголем адут на Русите е Бразилецот Хулк, кој ја игра својата најдобра сезона во Зенит.
Натпреварите во Париз, односно Лисабон ќе стартуваат во 20:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи