„Пајакот“ во Скопје дигнал 64 возила
Седум лица се полесно повредени во пет од вкупно 10 регистрирани сообраќајки во изминатото деноноќие во Скопје. Во пет од сообраќајките е причинета само материјална штета.Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 64 возила.
Како што информира Драган Велјановски, самостоен инспектор во Министерството за внатрешни работи, сообраќајката полиција санкционирала 15возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на црвено светло на семафорите, пет возеле без појас или зборувале на мобилен, 33 непрописно паркирале, 18 возеле неригистрирани возила. Санкционирани се и седум возачи на велосипеди со мотор мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.
Со помош на специјалното возило отстранети се 64 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје синоќа одржа сообраќајна поука на која присуствуваат учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе бидат реализирани едукативни работилници во градинка „Орце Николов“, објект Карпош 4 во општина Карпош.
Ново на Сител
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта