Пахор: Словенија останува на традиционалниот либерален пат
Претседателот на Словенија, Борут Пахор изјави дека неговата земја ќе остане на традиционалниот либерален пат и ја отфрли можноста дека „автократската политика на Владата” би можела да го загрози шестмесечното претседавање со Европска Унија.
– Се разбира, има некои активности на Владата со кои не се согласувам. Се надевам дека ова е шанса Владата и премиерот повеќе да се фокусираат на теми од витално значење за Словенија и за ЕУ, истакна Пахор во интервју за американската новинска агенција Асошиејтед прес.
Словенија денеска го презема шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ од Португалија, во време на закрепнување на Унијата од епидемијата со Ковид-19, застој во процесот на проширување и загриженост дека премиерот Јанез Јанша може да продолжи да ја опструира слободата на медиумите, како и неговата блискост со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во официјалната програма за пртседавањето се наведува дека Словенија планира „да ги насочи своите напори кон зајакнување на владеењето на правото како една од (заедничките) европски вредности”.
Според аналитичарите, слвенечкото претседавање е важен тест за ЕУ поради растечките недемократски тенденции во Словенија, Унгарија и во Полска.
Ново на Сител
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична
-
Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“
-
Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
-
Се запали автобус на ЈСП во Сопиште
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст
-
Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија
-
Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното двотретинско мнозинство во Парламентот
-
Почина Дражен Далипагиќ