Балкан
24. September 2018 - 19:25

Падна првиот снег во БиХ

Првиот ден од оваа последна септемвриска недела на Прокошко езеро падна снег, чија висина е околу 5 сантиметри.
 
Локалните мештани велат дека снегот почнал да паѓа претпладне и до сега има околу 5 сантиметри, но и натаму врне!
 
Прокошко езеро се наоѓа на 1.636 метри надморска височина и е одалечено 23 километри од Фојница. Жителите велат дека снегот ги изненадил гостите кои се наоѓаат таму. Има магла, врне снег и доста е ладно. Истовремено снег повремено врне и на Бјелашница и Јахорина.