Падна и во глава ја удри воз во движење: Потресна сторија како се спасени 2 животи
Марија и Владимир Кудрини од Москва се млада вљубена двојка и целосно посветени еден на друг. Нивната среќа порасна откако дознаа дека наскоро ќе станат родители.
Проминуваа месеци, а нејзината бременост убаво напредуваше. Се чувствуваше одлично и секојдневно нејзиното исчекување растеше. Таа насмевка која само бремена жена може да ја има го красеше нејзиното лице.
Марија и Владимир обично патуваа заедно до работа секој ден. Чекале воз на станицата Пределкино. Тој судбоносен ден, идната мајка отишла сама на станицата. Никој не можел да претпостави каков ужасен ланец на настани ќе се случат тоа утро.
Додека се качувал по скалите кон станицата, Марија видела дека нејзиниот воз стигнува на платформата. Се приближила до работ на платформата за да се качи штом ќе стигне возот. Наеднаш таа се сопнала и паднала со главата на платформата. Возот кој доаѓал удрил во нејзината глава, која висела од работ. Тоа било последно нешто што видела Марија пред да се онесвести.
Марија итно е префрлена во блиската болница. Кога ја видела, докторите биле шокирани како воопшто преживеала таков удар. Тогаш го забележале нејзиниот стомак и настанала мртва тишина во ургентниот центар. Работеле што можеле побрзо, но не можеле да му дадат никакво ветување на нејзиниот очаен сопруг Владимир, кој стигнал веднаш штом разбрал за несреќата на неговата жена. Марија паднала во длабока кома.
Лекарите се соочиле со дупла интервенција: морале да го спасуваат животот и на мајката и на детето. Марија имала компликувана неуролошка операција. По 2 месеци во интензивна нега, докторите одлучиле дека најдобро е бебето да го извадат со царски рез. Било ризично со Марија во кома, но тоа била најдобра шанса барем бебето да преживее. Кога почнале со операциајта сите се надевале на чудо.
И успеале. Малечката Оксана е родена потполна здрава. Секако, како секое предвреме родено бебе, морало да остане во болница, но радоста на таткото не можела да се опише со зборови.
-Ако се случи едно чудо, тоа значи дека може уште едно, рече Владимир и беше во право. Недолго по царскиот рез, Марија почна полека да се буди од кома. Невозможно е да се објасни тоа. Како да се разбуди нејзиниот мајчински инстинкт да си го види своето дете. Двојното чудо за кое се молеше Владимир навистина се оствари. Неговата сопруга преживеа, а бебето Оксана сега има шанса да расте покрај својата мајка.
Марија се уште ја чек долг пат до целосно опоравување, а нејзинио сопруг започна кампања за донации за да биде сигурен дека таа ќе ја добие најдобрата можна нега. Таа се уште не може да зборува и да оди, но може да слуша и да чувствува се околу себе. Секој ден нејзиниот напредок е видлив, а по првпат лекарите се позитивни со своите предвидувања.
Ново на Сител
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
-
Муцунски во Прага на средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек
-
Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада
-
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата