Овие актери се најплатени во светот
Според годинешната листа најплатени актери во светот на списанието „Форбс“, првото место му припадна на Марк Волберг (46), кој изминативе 12 месеци заработил 68 милиони долари.
Ѕвездата на хит комедијата „Ден на патриотите“ и „Трансформери“, некогашниот рапер кој стана глумец, се најде пред Двејн Џонсон, кој има заработка од 65 милиони, а на трето место е ѕвездата на „Брзи и Бесни 8“ и „ХХХ 3“, Вин Дизел, со 54,5 милиони долари.
Следуваат Адам Сендлер, Џеки Чен, а меѓу први десет се и Роберт Дауни Џуниор Том Круз, како и боливудските ѕвезди Шах Рук Кан, Салман Кан и Акшеј Кумар, кои имаат заработка од малку над 35 милиони долари.
Заработката што ја оствариле актерките, пак, е многу поскромна. На прво место во оваа категорија е Ема Стоун, со заработка од 26 милиони долари.
Следува Џенифер Анистон со 25,5 милиони на второто место. Џенифер Лоренс, која лани го понесе приматот, годинава е на трето место, со 24 милиони долари заработка
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата