Ова не го правете денеска – што вели црквата за Свети Никола?
Започна сезоната на славите, а тоа е време кога ги собираме своите најблиски и со нив го славиме заштитникот на својата куќа.
Иако во христијанскиот дух е да се одбележува скромно, последната деценија сведоци сме на вистински гозби кои се прават во чест на тој семеен празник, а неретко се случува домашните од тоа да направат вистински спектакл, па често викаат и трубачи за да го одбележат тој ден. Тоа е погрешно!
Тука се и подароците кои гостите ги носат на домашните, а кои од година во година се по луксузни, а понекогаш и чудни. Па затоа ви пренесуваме што вели црквата за подароците.
-Прво треба да се појасни дека славата се одбележува во сеќавање на покојните. Исто така славата служи за духовно смирување и помирување со најблиските. Тоа е доба кога, ако има некое недоразбирање, треба да се реши и на масата да се седне со духовен мир без гневно чувство спрема најмилите. Иако се вели дека славата ја почитуваат, но забораваат на најважната работа во врска со неа. На денот на славата, најважно е да се отиде во црква, да се причестите и да се исповедате, како во почетокот на годината ќе влезете со чиста душа, велат од црква.
Суштината на славите е во скромноста и затоа подароците не се скапи, бидејќи тоа не е потребно. Меѓутоа, современите луѓе се повеќе ги зголемуваат расходите за слава, па оние кои се погодени од еконмската криза повеќе сакаат да не ја слават славата, бидејќи не можат на гостите да им понудат пообилна гозба.
Тоа е голема грешка – славата треба да биде достоинствена и скромна, вели црквата.
Ново на Сител
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350