Џет-Сет
8. February 2016 - 9:09

Ова не го очекуваше: Поранешниот соработник ја прозва Цеца и нејзиниот помлад дечко

Досега пејачката се навикна на различни коментари, но веројатно ова не го очекуваше од својот поранешен соработник кој ја прозва нејзината врска. Звонко Марковиќ на својот Фејсбук профил објавил статус кој се однесува на Цеца и Александар.
 
„Љубовта не знае за години...Но, парите препознаваат“, напишал Марковиќ кој веројатно сакал да ја доведе до прашање искреноста и емоциите на младиот модел за Светлана.
 
За потсетување, Цеца и Звонко соработуваа со години, кога пејачката носеше негови креации. Провокативните фустани кои ги носеше на концертите се уште се тема за која се зборува.