Живот
27. August 2016 - 19:46

Ова е најлудиот обичај во Шпанија: Ако може корида, може и прескокнување бебиња

Мажи облечени во ѓаволски жолто - црвени комбинезони прескокнуваат бебиња наредени на душеци? Да, ако сте во шпанското село Касрриљо де Мурсија.

Прескокнувањето бебиња претставува главен настан на годинешниот фестивал Ел Колачо кој се одржува во ова село. Мајките доброволно ги предаваат своите бебиња на селските спортисти облечени во ѓаволи, за со прескокнувањето децата да бидат ритуално прочистени од „пра - гревот“.
Youtube Printscreen/Diagonal View, Preskakanje beba na festivalu El Kolačo

Туристите кои случајно ќе се најдат во селото во текот на овој настан најчесто реагираат многу вознемирено кога ќе ги видат душеците со расплакани бебиња.
 
Потеклото на обичајот е нејасно, но се знае дека е традиција стара со векови.