Ова е Алана, сестрата на Бела и Џиџи Хадид
Популарните Бела и Џиџи Хадид изминативе неколку години буквално го покорија модниот свет, вклучително и брендот „Викторија Сикрет“ или пак, оние списанија кои ги удостоија или не, со насловна страница.
Оние кои го следат животот и кариерата на овие топ модели, знаат и за нивната полусестра Алана. Таа е едно од децата на нивниот татко Мохамед.
Иако не е дотолку експонирана во јавноста, и таа како и нејзините сестри, работи во модната индустрија. Имено, таа е личен помагач при купување, стилистка и дизајнерка, која моментно е позната по својата нова колекција маички со емотикони.
Нејзините фанови велат дека таа е прилично „кул“ и има одлична смисла за хумор.
Алана на Инстаграм има 112.000 следбеници, а доколку ја побарате, ќе ја најдете под името „lanzybear“.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци