Отворени шест Роса школи за родителство во Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и Охрид
Во текот на 2018 и 2019 година, се отворија шест Роса школи за родителство во јавно-здравствените установи низ целата држава.
„Министерството за здравство во соработка со Пивара Скопје, во текот на 2018 и 2019 година отвори шест Роса школи за родителство во јавно-здравствените установи во градовите Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и Охрид. Кон крајот на 2019 година, потпишавме и Меморандум за соработка, со кој предвидено е оваа година да се отворат уште три школи во земјава. Со ова, заеднички одговараме на важните прашања поврзани со родителството“, изјави министерот Филипче.
Овие школи функционираат одлично и идните родители имаат можност да посетуваат бесплатни обуки, со цел да се едуцираат за справување со секојдневните предизвици во родителството.
Стручен тим составен од педијатар, гинеколог-акушер и патронажна сестра ги едуцира идните родители во групни здравствени-образовни работилници, организирани во 5 тематски целини за текот на бременоста, нега на трудниците, но и за подготовките за породувањето, негата и исхрана на новороденчето.
Проектот „Роса школи за родителство“ е резултат на шестмесечната кампања преку која беше издвоен по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л, а средствата беа наменети за комплетно реновирање и опремување на простории во здравствените институции наменети за Роса школите за родителство.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје