Отворени 46. Љубански илинденски иселенички средби
Градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски во присуство на министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми вечерва во преспанското село Љубојно ги отвори 46. Љубански илинденски иселенички средби.
Говорејќи за важноста на манифестацијата и нејзината 46 годишна традиција, ја нагласи нераскинливата врска меѓу иселениците и нивната родна земја.
– Денес почитувани гости е големиот празник Свети Илија, празник кој со златни букви е испишан во македонската историја. Празник кога им оддаваме почит на нашите херои, кои храбро ги положија своите животи за слободата на нашата земја. Хероите ни покажаа како се сака и се брани татковината и во аманет ни го оставија продолжувањето на борбата за постојан напредок и зачувување на државата за нас и нашите идни генерации, рече Гошаревски.
Љубојно вечерва, како што нагласи градоначалникот, е највесело и најубаво, а тоа, додаде, го покажува присуството на иселениците од прекуокеанските држави, повратници од Преспа, Битолско, Леринско и од Мала Преспа.
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци