Македонија
16. November 2015 - 10:22

Отворена книга на жалост во Француската амбасада

Амбасадата на Франција денеска отвори книга на жалост за да им се оддаде почит на жртвите на терористичките напади во Париз.

Книгата ќе биде отворена од денеска до 18 ноември, од 10:00 до 13:00 часот во Амбасадата на Франција.

Во Франција и во повеќе други земји денеска во 12:00 часот ќе се одржи едноминутно молчење во чест на настраданите во Париз. Амбасадата на Франција се приклучува кон тој молк и ги поканува сите да се придружат.