Отворена истрага за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово.
Осомничениот, осуденик на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово – Скопје, на 31 мај тешко телесно повредил друг осуденик. Физички го нападнал во затворот со тупаници и клоци, а од нанесените тешки повреди оштетениот починал на 22 јуни.
-Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност тој да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Осомничениот се товари за кривично дело „тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска сп став 1 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
ДСЗИ не најде пропусти во вонредниот надзор во кумановската болница каде почина родилката
-
Со месеци не плаќале патарина, полицајци и вработени во Државни патишта кривично ќе одговараат
-
Започна новата академска година – Си ја гледаат ли бруцошите иднината во Македонија?
-
Преглед на вестите од светот
-
Прв академски час на универзитетите
-
И синдикатите и газдите не се задоволни
-
Јаневска: Ќе го подигнеме студентскиот стандард
-
Преглед на вести од светот