Отворен повик за учество во проектот „Отворени денови на СЕП за ученици од петто одделение”
Секретаријатот за европски прашања објави Отворен повик до сите основни училишта на територијата на Република Македонија за учество во проектот „Отворени денови на СЕП за ученици од петто одделение”.
- Во годината кога прв пат во вашето образование наставната програма предвидува едукација за Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања како институција задолжена за координација на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, во месец мај - месецот на Европа, од 2 - 4 мај организира едукативен проект: „Отворени денови на СЕП за ученици од петто одделение” со кој ќе се обидеме одблиску да Ве запознаеме со суштината и темелните вредности на Европската Унија, се наведува во отворениот повик.
Училиштата интересот за посета на Секретаријатот за европски прашања и учеството во проектот „Отворени денови за ученици од петто одделение” треба да го пријават на e-mal адреса Daniela.Gjorgievska@sep.gov.mk; или на телефон 070/409-618.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори