Отворен ден на Универзитетот на ЈИЕ
Управата на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово денеска ја организираше традиционална промотивна манфестација „Отворен ден“ за информирање на идните матуранти за можноста и поволностите што оваа висообразовна установа им ги дава за продолжување на нивното образование.
Според членот на ректорската управа УЈИЕ Демуш Бајрами кампусот денеска го посетиле околу 1.000 матуранти од Македонија, од Косово и од Прешево, Република Србија.
- Ги информиравме идните матуранти што оваа година ќе се запишат на универзитетите во Македонија за нашата отворена понуда како можност за студирање на петте факултети во кампусите во Тетово и Скопје. Заинтересирните можат да се запознаат со програмите од соодветните професори, а од другите вработени и за неколкуте вида стипендии како оние за најдобрите ученици со стекнат одличен успех во средното образование со што се покрива педесет одсто од школарината доколку се запишат кај нас, рече Бајрами.
Според податоците на Бајрами во последниве три години УЈИЕ има постојано зголемување на бројката на новозапишани студенти за 10 до 20 отсто во однос на претходната година.
За оваа годинава управата на УЈИЕ планира да се запишат околу 1.300 нови студенти на трите наставни циклуси додипломски, магистерски и докторски студии.
Согласно планот на управата на УЈИЕ ќе се реализира и отворен ден во кампусот на универзитетот во Скопје што е закажан за 15 април.
Ново на Сител
-
Прилепчанец приведен за тешка кражба
-
Тешко повредени мајка и нејзините две деца откако нејзиниот вонбрачен партнер ги исфрлил од возило
-
Загина 27-годишен мотоциклист по сообраќајка на патот Охрид - Св. Наум
-
Зеленски ќе патува во Саудиска Арабија додека европските лидери одржуваат состанок за одбраната
-
Уапсен малолетник во Аеродром, се шетал со боксирач
-
Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“
-
Калас: Русија не е заинтересирана за мир
-
Маж со палестинско знаме се качи на Вестминстерската палата