Македонија
23. April 2018 - 9:09

Отворање нов систем за донирање вишок храна „Сите Сити“

Отворање на новиот систем за донирање вишок храна „Сите Сити“ ќе биде означено денеска со прес-конференција во организација на Асоцијација за чиста животна средина „Ајде Македонија!“.

Обраќање пред присутните за да се одбележи новиот систем ќе имаат швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада и амбасадорот на САД Џес Бејли. 

Пред присутните ќе се обратат и директорот на Национален демократски институт, Крис Хеншоу и Александра Дилевска Симова - Publicis One CEO, СОО Адриатик.