Отстранет полицаец кој побарал и примил мито од Косовец за да не го казни
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.М., полициски службеник во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип при СВР Штип, соопшти МВР.
Кривичната пријава против полицискиот службеник следува откако на 19.02.2024 при вршење сообраќајна контрола кај наплатна станица Кадрифаково, пријавениот побарал и примил поткуп од државјанин на Косово за да не му издаде прекршочен платен налог за констатиран сообраќаен прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против пријавениот поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка“, додаваат од МВР.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат сите горива
-
Јужна Европа се „пржи“ на екстремна жештина
-
Трамп му се закани на кандидатот за градоначалник на Њујорк
-
До крајот на неделава сончево и многу топло со температури до 40 степени
-
Гори глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид
-
19-годишна радовишанка со 2,23 промили алкохол во крвта направила сообраќајка, па побегнала
-
19 стебла канабис пронајдени во струмичко
-
Лавров: Одлуката на членките на НАТО за зголемување на издвојувањата за одбрана може да доведе до негово распаѓање