Отстранет полицаец кој побарал и примил мито од Косовец за да не го казни
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.М., полициски службеник во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип при СВР Штип, соопшти МВР.
Кривичната пријава против полицискиот службеник следува откако на 19.02.2024 при вршење сообраќајна контрола кај наплатна станица Кадрифаково, пријавениот побарал и примил поткуп од државјанин на Косово за да не му издаде прекршочен платен налог за констатиран сообраќаен прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против пријавениот поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка“, додаваат од МВР.
Ново на Сител
-
Истрагата за пожарот во кочанската дискотека проширена и со сопственикот на објектот
-
Помалку дипломирани студенти во 2024 година
-
Зеленски предлага трилатерална средба со Трамп и Путин
-
Приведени двајца крадци од Прилеп, со мотоцикл одзеле златно ланче од 76-годишна жена
-
Жртва на „Беланоца-Барон“ убиен за 10.000 евра бидејќи предал обвинети во „Монструм“
-
Скопското обвинителство бара притвор за жител од Батинци поради недозволено држење оружје и муниција
-
„Генерацијата З“ пие сѐ помалку алкохол
-
Трагедија во Струга, бебе старо 2 месеци донесено починато во болница