-->
-->
Откупена целата реколта тутун од 19 000 тони по цена од 185 денари
-->
Се откупи целата ланска реколта тутун до крајниот законски рок 15 март. Во земјава се откупени вкупно 19 000 тони тутун со просечна цена од 185 денари за килограм. Задоволни се тутунарите и откупувачите, констатираат од Сојузот на Тутунските здруженија на Македонија.
- Од постигнатата цена се задоволни тутунарите и 9- те откупувачи. Но, иако квалитетна, реколтата потфрли за 25 до 30 насто. Наместо 25 700 тони колку што откупувачите пријавија во Министерството за земјоделство, се откупија 19 000 тони. На ниските приноси, главно влијаеја три фактори: проблеми со расадопроизводството, поради пролетните обилни дождови не се обработија површините да се засадат со тутун, како и големирте жештини летоска кои не дозволија тутунот да има повеќе листови, изјави денеска Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.
Според Милески, наспроти количинска малата, ланската реколта е квалитетна и тутунарите постигнаа добра просечна цена.
- Тутунарите, заедно со субвенциите од државата вкупно добија во просек по 4 евра за килограм тутун, што е добро и за тутунарите и за новата реколта тутун, вели Милески.
Во моментов им се исплаќаат субвенциите на тутунарите кои, пак, паралелно ги прават подготовките за новата реколта.
- Мислам дека годинава ќе го задржиме истито број тутунари. Постојаните тутунопроизводители може да ги зголемат површините под тутун. Веќе 40 насто од леите со тутунски расад се посеани. Се надеваме дека времето нема да предизвика големи проблеми на стартот на новата реколта, вели Милески.
Овој месец откупните компании, кои годинава се 10, заедно со грчката „Секе“, до Сојузот ги доставуваат предлог-договорите за новата реколта тутун. Сојузот бара и повисоки откупни цени, пред се, за втора и третата класа.
- Од десетте, пет откупни фирми ги доставија предлог -договорите со новите цени кои нешто се зголемени. Ние бараме зголемување на третата класа од 145 на 150 денари за килограм, и на 195 денари за втората класа. Не бараме некое големо покачување на првата класа, зашто тутунот, главно, се проценува во втора и трета класа, па затоа најмногу одговара на интересите на тутунарите, објаснува Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бројот на жртви од урнатиот покрив на ноќен клуб во Санто Доминго се искачи на 225
-
Де Бруин се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер Сити
-
Трамп ги иззема телефоните и компјутерите од високите царини за Кина
-
Истрагата за „Пулс“ се проширува со нови 19 лица, осомничени се за „тешки дела против општата сигурност“
-
Почина Проф. Др. Александар Ношпал
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година