Откриени 44 странски државјанки кои работеле како танчерки во тетовско-гостиварскиот регион
Во 16 акциски контроли што ги спровела полицијата во тетовско-гостиварскиот регион во првите девет месеци од годинава откриени се 44 странски државјанки кои нелегално престојувале во државата.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека 22 државјанки биле од Албанија, 16 од Србија, пет од Косово и една од Бугарија. Откриени се и 30 македонски државјанки.
- По нивното откривање, кусо приведување и задржување во СВР Тетово, тие биле предавани на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, а потоа изведувани пред судија за прекршоци на основните судови во Тетово и Гостивар. Со соодветни парични глоби и забрани за влез во Република Македонија од една до пет години, непријавените странски државјанки се депортирани во матичните земји, истакна Јосифовски.
Странските државјанки во угостителските објекти работеле најмногу како пејачки и танчерки, но и како келнерки и шанкерки.
Ново на Сител
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
Џафери и Апасиев пред Уставен, дали постои политичка дискриминација?
-
Мицкоски и Таравари до Ахмети: Добро е, се навикнавте да сте опозиција
-
Пропаднал и последниот обид за решение за пругата до Бугарија
-
Дали Балканот е под ризик од немирите на Блискиот Исток?
-
Девет жртви во израелскиот воздушен напад во центарот на Бејрут
-
Тројца загинати во сообраќајка пред Прилеп
-
Мицкоски: Очекував повеќе креативност од ДУИ