-->
-->
Откриена масовна гробница во близина на Мосул
-->
Ирачката армија соопшти дека открила масовна гробница во градот Хамам ал Алил, во која имало 100 обезглавени тела.
Хамам ал Алил, јужно од Мосул, беше ослободен од Исламска држава во саботата. Масовната гробница е откриена во Земјоделскиот факултет. Поголемиот број од телата се во фаза на распаѓање, поради што засега не може да се утврди дали убиените се војници или цивили, но ирачката армија тврди дека се цивили.
Масовата гробница утре ќе биде истражувана од судскомедицинска екипа од Багдад.
Обединети нации пред две недели предупреди дека ИД убила десетици цивили од почетокот на воената операција на ирачката армија за ослободување на Мосул, што почна во средината на октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО