-->
-->
Осумгодишно дете се бори за живот: Прегазено кај Радовиш додека возело велосипед
-->
Вчера во 11,45 часот на регионалниот пат Р-29471, во с.Подареш-Радовиш, пред куќата на Т.Н, се случила сообраќајна незгода во која В.Н. (1988) од с.Подареш, управувајќи патничко моторно возило „Форд Галакси“ со времени регистарски ознаки, удрил во велосипед „Хамер макс“ управуван од дете на возраст од 8 години од с.Подареш.
Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди (фрактура на череп, крварење од десно уво и повреда на десно белодробно крило), и по укажаната лекарска помош е пренесено и задржано на лекување во Ургентниот Центар-Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Радовиш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест