Сиљановска Давкова: Папата Франциск ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност
- Претседателката Гордан Сиљановска Давкова, по смртта на папата Франциск на својата Фејсбук страница напиша дека по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го памети по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност.
-Како народен папа, му го честиташе на христијанското семејство Христовото воскресение и утринава мирно си замина во вечноста. Јас пак, по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност, порача Сиљановска Давкова.
Минатата година претседателката Сиљановска Давкова, за време на неколкудневната посета на Рим и Ватикан, по повод одбележувањето на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, одржа средба со папата Франциск. На средбата, меѓу другото, се усогласиле околу поддршката на Ватикан на патот кон Европската унија, како и за тоа дека сме пример за религиозен дијалог.
Ново на Сител
-
Со мотор излетале од пат, тешко повредени двајца малолетници
-
Ѓоковиќ избори четвртфинале против Зверев на Ролан Гарос
-
Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената на струјата
-
Русија предлага делумен прекин на огнот од два-три дена
-
Се трага по две девојчиња на возраст од 13 и 14 години кои излегле од дома и не се вратиле
-
Мицкоски: Очекувањата се позитивни, по средбите на Муцунски во Вашингтон
-
Двајца браќа се обиделе да разделат тепачка пред теретана во Чаир - завршиле со убодни рани
-
Повредени двајца малолетници од битолско откако со мотоцикл излетале од патот