Осумгодишно дете најмлад корисник на хероин во Македонија
Министерствата за труд и социјална политика, за здравство, образование и наука и за правда, преку меѓусебна соработка и вклучување на останатите засегнати страни, да заземат координиран пристап кон потребите на децата и младите во ризик во Македонија кој ќе резултира со сеопфатни услуги и отчетност за спроведувањето на зацртаните политики.
Ова го истакнаа од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје кои денеска ги презентираа наодите од истражувањето „Децата и младите во ризик во Република Македонија – рамноправни членови на социјалната држава или категорија за креирање фиктивни политики?“.
Министерството за здравство, посочуваат од Здружението, во најкраток можен рок треба да го финализира и усвои протоколот за лекување на деца кои употребуваат дроги, да се формира мултисекторска работна група која ќе изработи програма за лекување, ресоцијализација и грижа за децата кои употребуваат дроги и да се отворат интегрирани програми за лекување, ресоцијализација и грижа на децата кои употребуваат дроги.
Според Здружението, не постои унифициран меѓуресорски пристап за препознавање, документирање и следење на децата и младите во ризик. Од Здружението посочуваат дека иако дел од надлежните институции имаат воспоставено електронски бази на податоци, видливо е неконзистентно бележење на услугите, што пак ја оневозможува проценката на потребите на ранливите категории на деца и млади.
За поздравување е, истакнуваат од Здружението, тоа што голем број од институциите имаат пишани документи, стратегии и програми, каде што се дефинирани или опфатени децата и младите во ризик, но отсуството на податоци за реализација на сите акции предвидени во тие документи го попречува следењето и оценувањето за спроведувањето на зацртаните политики.
Според нив, добра пракса за бележење на податоците за децата и младите во ризик се забележува единствено во документацијата и работата на Државниот совет за превенција од детско престапништво и на Народниот правобранител.
- Иако Министерството за здравство изработи протокол за лекување на малолетни корисници на дроги, тој веќе две години е во подготвителна верзија и сè уште не е усвоен. Во меѓувреме, ХОПС мораше да формира теренски тим за поддршка и работа со овие деца. Тимот до сега има исконтактирано 85 малолетници кои употребуваат дроги, од кои најмладото кое користи дрога со инјектирање има само 8 години. Само во 2016 година, теренскиот тим има исконтактирано 33 деца, од кои 7 се нови корисници, наведуваат од Здружението.
Оттаму посочуваат дека и покрај заложбите од ХОПС, во 2016 година ниту еден малолетник не почнал со лекување на зависноста.
Истражувањето е меѓу првите активности на регионалната Мрежа за социјално зајакнување на млади во ризик која е составена од организации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија и Македонија со поддршка на ЕУ.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица