Осуди и реакции за нападот во Ница
Поранешната државна секретарка на САД и кандидат на демократите за претстојните претседателски избори Хилари Клинтон го осуди нападот во Ница во кој загинаа 84 лица, кога камион влета во толпа луѓе.
- Секој американски граѓанин е солидарен со народот на Франција и во еден глас велиме: нема да бидеме заплашени. Никогаш нема да дозволиме терористите да ги поткопаат демократските вредности и рамноправноста врз кои се заснова нашиот начин на живот. Овој кукавички напад само ја зајакнува нашата обврска кон нашите партнери од Алијансата и нашата заложба за победата врз тероризмот насекаде во светот, нагласи Клинтон.
Австралискиот министер за надворешни работи Џули Бишоп изјави дека ниту еден град, ниту една земја не е имун на терористички напади.
- Поради тоа австралиската Влада ќе стори се што е во нејзина моќ да ги заштити Австралијците како во нивната земја, така и во странство, додаде Бишоп.
Германската канцеларка Ангела Меркел вели учесниците на Азискиот-европски форум во Улан Батор се во шок поради нападот во Ница.
Таа додаде дека Германија стои зад Франција во борбата против тероризмот.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе го оквалификува нападот како „целосно неприфатлив" и „суров“, додавајќи дека Јапонија "ја изразува својата силна солидарност со Франција во ова тешко време"
Портпарол на Даунинг стрит соопшти дека се „шокирани и загрижени" поради нападот.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев изрази сочувство за жртвите на нападот.
Во порака објавена на Твитер, тој наведе: "Испраќам најдлабоко сочувство до Франција, на сите оние кои се повредени и на семејствата на загинатите во монструозниот терористички напад во Франција".
Пред француската Амбасада во Москва утрово граѓани оставаат цвеќе и палат свеќи за жртвите во нападот во Ница.
Нападот се случи точно осум месеци по нападот во Париз во кој беа убиени 130 луѓе во ноември лани.
Ново на Сител
-
Прегледани 745 апликации на јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија
-
Руски агент во Киев осуден на 15 години затвор за насочување напади во близина на Покровск
-
САД воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина
-
Венс: Војната во Украина нема брзо да заврши
-
Без струја делови од Центар, Ѓорче Петров и Горно и Долно Лисиче
-
Честитка од рускиот патријарх Кирил до архиепископот Охридски и Македонски Стефан
-
МЕРМС: Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година
-
Мицкоски и Перински во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“