Основниот кривичен суд Скопје демантира дека за денеска било закажано судење за предметот против таткото на Васил Јованов
Основниот кривичен суд Скопје целосно ги демантира информациите дека наводно за денеска било закажано судење за предметот против таткото на Васил Јованов кое било одложено бидејќи не биле исполнети условите, информирајќи дека по направените проверки конкретниот предмет е насрочен на 24 јуни и е кај сосема друг судија.
Од Кривичен, исто така, апелираат до претставниците на порталите, да ги проверуваат информациите пред да ги објават, односно да ги следат јавните расправи од кои известуваат.
-Во однос на текстот со наслов „Пропадна стартот на судењето за таткото на Васил Јованов, кој му го дал автомобилот со кој ја усмрти Фросина“ објавен или преземен од неколку портали, ја информираме јавноста дека се работи за неточни информации кои во целост ги демантираме. Имено, порталот преку наведениот текст известува дека денеска било закажано судење за предметот против З.Ј. кој го суди судијата Љубинка Башевска, а кое судење било одложено бидејќи не биле исполнети условите за да се одржи. Но, согласно проверките на судот, денска воопшто не било насрочено такво судење, ниту пак посочената судија постапува по предмет во кој е обвинет З.Ј.. Имено конкретниот предмет, за кој и претходно се интересираа новинарите , е насрочен на 24 јуни и е кај сосема друг судија, а во текот на денов согласно и известувањата од судската полиција, ниту еден новинар не се пријавил дека ќе присуствува како јавност на одредено судење- информираат од Основниот кривичен суд Скопје.
Ново на Сител
-
ОЈО поднесе обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД