Македонија
29. March 2022 - 16:13

Основците од утре без маски во училиште

 

Владата официјално потврди дека од утре учениците од прво до деветто одделение ќе одат без маски на училиште.

На владината седница која е сеуште во тек министрите ја прифатиле препораката на Комисијата на заразни болести. 

Сепак останува правото на избор, однсно кој сака може да носи маска.