-->
-->
Османи: Специјално се подготвувавме за европските настапи
-->
Фудбалерите на Шкендија утре во Струмица во рамките на првото квалификациско коло за Лига Европа ја пречекуваат молдавската екипа Дачија.
Тетовци минатата година го имаа најуспешниот настап и сметаат дека и оваа имаат обврска достојно да се претстават во Европа:
„Максимално сме подготвени за надигрување со Дачија. Играчите се физички и психолошки подготвени за тоа што ги очекува во Европа ова лето. Добро го анализиравме противникот. Дачија воопшто не е за потценување, но ние веруваме во нашите квалитети. Хендикеп за нас е што не играме на домашен терен во Тетово, но, искрено верувам дека и во Струмица ќе бидат полни трибини и ќе добиеме максимална поддршка и од нашите навивачи и од сите искрени љубители на фудбалот", вели Османи.
Средбата во Струмица се игра со почеток во 18ч додека реваншот е на 6. јули во Кишињев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?