Османи: Шансата ја гледаме во јунскиот самит
Шансата ја гледаме во јунскиот самит. Не зависи од нас дали до 22 јуни ќе постигнеме договор, тоа зависи од состојбите во Република Бугарија и можноста тие да донесат одлука, порача денеска од Гевгелија министерот за надворешни работи Бујар Османи за „пеглањето“ на разликите со Бугарија до 22 јуни.
-Работиме како да јуни ни е единствена шанса, таков ни е пристапот за да можеме да ги ангажираме сите капацитети за изнаоѓање решение. Работиме за содржината на патоказот, разменуваме предлози со бугарската страна за да најдеме согласност по однос на содржината, бидејќи содржината е многу важна, информираше Османи.
Нагласи дека предлози се разменуваат на дневна основа, но оти се уште не е постигнат договор во однос на содржината.
-Имаме уште неколку дена, недели до 22-ри, меѓутоа, не можам да кажам и да потврдам дека тоа ќе се случи до 22 јуни, наласи министерот за надворешни работи и додаде дека и словенечкото претседателство продолжува да работи со ист фокус.
Ново на Сител
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот
-
МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје
-
УЈП: Крајниот рок за ДДВ-04 пријавите е 25 февруари, до вчера поднесени само 25 отсто од вкупниот број
-
Ватикан: Папата Франциск имаше мирна ноќ
-
САД, наспроти европската, ќе предложат резолуција на ОН за војната во Украина
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица