Османи: Непочитувањето на мерките е резултат на лажните вести
Најголемиот проблем во државата не е непочитување на мерките за заштита од коронавирусот, туку лажните вести кои доминираат и кои ги надгласаа емпириските факти на институциите, смета вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Како што посочи, токму сега е време Владата радикално и драстично да направи акција против изворите на овие лажни вестии и теории на заговор.
Османи, одговрајќи на новинарско прашање по денешната презентација на помошта од ЕУ за справување со Ковид-19, рече дека непочитувањето на мерките не е причина, туку последица на тоа што граѓаните ја загубиле вербата во вирусот и во ризикот што го носи. Сето ова, според него, е резултат на лажните вести.
-Најголемиот проблем во моментов е тоа што доминираат лажните вести кои за жал успеаја да ги надгласат емпириските факти кои ги кажуваат институциите. Денеска имаме ситуации кога роднини се јавуваат по телефон да ургираме на Инфективна клиника да не ги ставаат родителите на респиратор, затоа што има уверување кај луѓето дека ако одат на Инфективна нема да излезат живи од таму, па затоа ги кријат симптомите и 33 проценти од хоспитализираните веќе стигаат доцба после осум до девет дена лекувани во домашни услови, затоа што некој проширил таква лажна вест дека на Инфективна се убиваат пациенти. Денеска има луѓе кои одбиваат да се тестираат, сметаат дека тоа е непотребно затоа што вирусот не постои, рече Османи.
Тој потенцира дека сега е време Владата радикално и драстично да направи акција против изворите на лажни вести и да се разговара со луѓето на сите можни нивоа да ги отфрлат овие теории на заговор. Појасни дека ова не го поткопува на научни податоци ниту пак претставува став на Владата.
-Ова веќе неколку денови се обидувам и во Владата да го потенцирам, меѓутоа и во јавноста. Јас сметам дека ако нас нешто не прави различни од другите земји по однос на овој пик, е фактот што успеаја лажните вести да ја искористат психолошката фрагилност на граѓаните од ова преголемо траење на ситуацијата за да можат да наметнат некои лажни идеи, додаде Османи.
Посочи оти раговарал со новиот поглавар на Исламската верска заедница на кој што му укажал дека е недозволиво во овој период сите верски авторитети да не комуницираат со луѓето, за да ги отфрлат овие лажни теории на заговор дека вирусот не постои или дека не е опасен, а пријавување на лекар значи опасност по нивниот живот. Токму сега е време, повтори Османи, за драстична борба против лажните вести.
Ново на Сител
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб