Османи: Не смееме да испуштиме ниту едно евро од ИПА
Не смееме да испуштиме ниту едно евро од ИПА средствата, парите треба да ги искористиме за европеизација на државата, а процесот мора да биде транспарентен во целост, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.
Според него, настојувањата на Владата се од актуелната ИПА2 Програма да се повлечат најмалку 90 отсто.
Пред почетокот на трибината за поголемо искористување на ИПА средства, Османи најави изготвување мастер план кој ќе ги дефинира слабостите, но и ќе предвиди мерки за максимално повлекување на европските пари.
- Јавноста досега не беше целосно информирана за ИПА поради што наш приоритет е овој комплексен систем комплетно да го извадиме од сенка. Граѓаните мора да знаат дека Македонија има ретка можност да ги користи парите на граѓаните на ЕУ. Дадена ни е шанса да покажеме дека сме способни за тоа и досегашниот период беше еден вид тест за нас, истакна вицепремиерот.
Информира и дека од вкупно предвидените 644 милиони евра за период од 2014-2020, засега се програмирани 445 милиони или околу 67 отсто, а се одобрени 395 милиони евра.
Одговорајќи на новинарско прашање, Османи рече дека е можно да имало некакви злоупотреби или малверзации со ИПА средствата досега, но тоа ќе мора и официјално да се утврди.
Ново на Сител
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО