Османи: Нашите државјани кои беа во Бањска утрово се безбедно упатени кон дома придружувани од косовската полиција
Македонските државјани сместени во хотел во непосредна близина на манастирот во селото Бањска на северот од Косово, каде вчера имаше оружен напад, утрово безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук објави дека тие се упатени кон дома откако биле извршени интервјуата и анализата од страна на косовската полиција.
-По извршените вообичаеното интервју и анализа од страна на полицијата на Република Косово, утрово нашите државјани безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција. Околностите во кои тие се најдоа беа сложени, имајќи предвид дека беа сместени во хотел, во непосредна близина од каде се случи оружениот напад врз полицијата, објави Османи.
Шефот на дипломатијата наведува дека косовската полиција вчера веднаш била известена „за оваа ситуација по редовните канали“, а тој лично разговарал и со неговата колешка Доника Гервала-Шварц.
-Низ целиот процес, косовските служби ја гарантираа безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина беше во постојан контакт со нив, додава Османи во објавата на фејсбук-профилот.
Министерството за надворешни работи вчера информираше дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на МНР, добиена е информација за седум државјани на Северна Македонија, од кои едно дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот во селото Бањска, каде беше извршен оружен напад врз косовските полициски сили.
Ново на Сител
-
Приведен 42 годишник од Чегране, бил баран по потерница
-
Одложен натпреварот Виљареал – Еспањол поради опасност од поплави на стадионот
-
Бузалковски првиот Македонец кој ќе оди на 24 часа Ле Ман
-
Кремљ: Разговори меѓу Русија и САД откако амбасадите ќе бидат во функција
-
Киев разочаран по одлуката на САД да ја паузираат воената помош, украински пратеник вели - Не можеме поверуваме
-
Гувернерот Прокудин: Русите испраќаат војници во самоубиствени мисии да го преминат Днепар
-
АХВ: Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди
-
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки