Османи: Мобилизација од сите за позитивен извештај од ЕК
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи очекува мобилизација на сите ресурси политички, административни и општествени, со цел да се спроведат реформите потребни за позитивен извештај од ЕК и датум за почеток на преговори со ЕУ. Антикорупциската комисија, според него, е најсветлиот пример за навремена и квалитетна реформа. Очекува таа да ги даде потребните резултати во борбата против корупцијата. Останува, рече, да се усвои законот за јавно обвинителство кој треба да го реши и статусот на СЈО, за што очекува поддршка од сите политички партии.
Тој, како и вчера премиерот Зоран Заев, најави дека на денешната владина седница законот треба да биде усвоен, и пратен во собраниска процедура, каде е потребно двотретинско мнозинство да биде усвоен. Овој закон, како и Антикорупциската комисија, рече Османи по средбата со претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, треба да бидат двата клучни успеха во пресрет на препораката од ЕУ,
-Ние како Влада имаме 68 пратеници, така што очекуваме да добиеме поддршка и од другите политички партии, за да имаме најмалку 80 пратеници. Сметам дека нема политичка партија која не се залага за борба против корупцијата. Нема политичка партија која сака да не добиеме датум во јуни и очекувам дека како што го донесовме Законот за борба против корупцијата, да постигнеме консензус и во делот на законот на обвинителство бидејќи овие два закони се столбовите на антикорупциската политика и правната држава, рече Османи.
Тој додаде дека доколку не се успее во напорите да се добие препораката и датумот за преговори, тоа ќе биде неуспех не само на Владата, туку и на државата.
Во однос на одговорноста кај функционерите на ДУИ за случаите на непотизам, Османи рече дека партијата дава максимална поддршка во борбата против корупцијата и непотизмот и ќе чекаат одлука на ДКСК да утврдат дали имало влијание при вработувањето на роднините на нивните функционери.
-Борбата против корупцијата е неселективна. Ние премногу инвестиравме за да се сопнеме на мали камења пред да стасаме пред вратите на ЕУ, рече вицепремиерот.
Претседателката на Антикорупциската комисија Ивановска рече дека побарале помош од СЕП за нови простории за функционирање на антикорупциската комисија.
Најави дека многу скоро ќе излезат со првични информации за отворените случаи, но притоа ги повика сите институции, особено инспекторатите, кои имаат надлежности од оваа сфера да се вклучат во борбата против корупцијата. Ивановска информира дека за шеесеттината предмети за кои побарале податоци од институциите, ниту една досега не ги доставила до Комисиата и оти имаат рок тоа да го направат до крајот на неделата.
Ново на Сител
-
Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот
-
Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027
-
Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите
-
Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир
-
Сакајте се така ќе ги сакате и другите | Даниел Трбогазов | Личен развој |Sitel Podcast 094
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите