Османи – Линхарт: Реафирмирана силната и конзистентна австриска поддршка на европските интеграции на Северна Македонија
Во Република Северна Македонија и во нашето европско досие лежи клучот за деблокирање на целиот регион, бидејќи по редот на нештата оттука треба да отпочне деблокадата, преку почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова ќе ги охрабри и другите држави од регионот, да ги затворат отворените прашања, а со интенција целиот регион да се движи во европски правец, истакна денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи на средбата со австрискиот сојузен министер за европски и меѓународни работи, Михаeл Линхарт.
Како што соопшти МНР, целта на посетата беше да се реафирмира силната и конзистентна австриска поддршка на европските интеграции на нашата земја и во тој контекст министрите разменија мислења за перспективите за нашето европско досие, а воедно стана збор и за внатрешно политички актуелности во Северна Македонија.
– Посетата на министерот Линхарт имаше и силна економска компонента со оглед на фактот дека беше придружуван и од економска и бизнис делегација. Австрија преставува еден од најголемите инвеститори во земјава, а географската близина, комплементарноста на двете економии, но пред сѐ одличните политички односи создаваат потенција за уште поинтензивна економска соработка. За време на посетата беше одржан и бизнис настан со цел натамошно унапредување на трговската соработка и искористување на инвестициските можности и презентација на програмата „Re Focus Austria“, која има за цел промоција на австриските компании во повеќе области, особено во областа на обновлива енергија, дигитална економија и инфраструктура, се наведува во соопштението.
Министрите, воедно дискутираа и за претстојното претседавање на нашата земја со ОБСЕ во 2023 година и можностите за идна соработка, во овој контекст.
– Солидарниот пристап во сузбивањето на ковид-пандемијата, илегалната миграција и други прашања од меѓународен карактер беа дополнителни теми на разговор на средбата, се додава во соопштението на МНР.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?