Османи ќе учествува на Бледскиот стратешки форум
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска и утре ќе престојува во Словенија, каде што ќе учествува на традиционалниот 17-ти Бледски стратешки форум насловен „Владеење на моќта или моќта на правилата“.
Годинашниот форум ќе биде посветен на дискусиите за кризата на мултилатералниот поредок, последиците од руската агресија врз Украина и одговорот на меѓународната заедница на новите предизвици, соопшти МВР.
Министерот Османи ќе има обраќање на панелот „ЕУ и Западниот Балкан: кој е подготвен“, на кој ќе учествуваат и заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, министрите за надворешни работи на Косово Доника Гервала Шварц, на Црна Гора Ранко Кривокапиќ и на БиХ Бисера Турковиќ, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово и други регионални прашања Мирослав Лајчак, високиот претставник за БиХ Кристијан Шмид и Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје.
На маргините на форумот, предвидено е Османи да има и билатерални средби со свои колеги и други учесници.
Бледскиот стратешки форум во своето седумнаесетгодишно постоење прерасна во водечка меѓународна конференција во Централна и Југоисточна Европа, која привлекува широк спектар на учесници – државници, политичари, професори, бизнисмени, кои дебатираат за современите регионални и глобални предизвици и да бараат иновативни решенија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето